Убавина

Како да ја заштитите кожата на лицето од сината светлина што ја емитираат дигиталните уреди

Овие денови сите поминуваме многу време пред екраните, како за работа, така и за забава. Можеме да кажеме дека во изолација, дигиталните уреди служат како наш единствен прозорец кон надворешниот свет, а сите наши вообичаени активности што се одвиваат надвор, се заменуваат со екраните дома. Сината светлина која ја испуштаат сите дигитални екрани влијае на кожата на лицето. И сега, кога овие уреди станаа наши сојузници во текот на денот, не смееме да заборавиме дека ако не реагираме навреме, зголемената изложеност на зрачењето ќе остави несакани белези на нашите лица.

Што точно е сина светлина? Иако е помалку споменувана од УВ зрачењето, ја има и во природата (сончевата светлина), но во најсилна форма зрачи токму од дигиталните уреди. Сината светлина од сонцето не е толку штетна за кожата како УВ зраците, бидејќи во природата доаѓа во подолги бранови должини, така што е премногу слаба за да направи поголема штета. Сепак, зрачи од 380 до 500 нанометри бранова должина и може да предизвика таканаречен оксидативен стрес на нашата кожа, зајакнувајќи го производството на слободни радикали кои предизвикуваат стареење на кожата. Покрај брчките, симптомите можат да бидат и уморен и сув, дехидриран тен.

Како да ја заштитиме кожата на лицето сега кога поминуваме огромно време изложени на сината светлина?

Најсилниот антиоксидант е витаминот Ц, затоа не заборавајте да вклучите некој серум од овој тип во вашата рутина за убавина во изолација. Најразлични брендови дизајнирале специјални 15-дневни третмани за борба против овој проблем. Ензимот Q10 присутен во бројни креми, како и хијалуронската киселина, се исто така некои од состојките кои ќе помогнат да се заштити кожата на лицето од овие зраци и да се задржи нејзиниот свеж и здрав изглед.

Покрај примената на антиоксидантни серуми и креми, добар начин да се намали штетниот ефект е да се држиме настрана од нашите омилени дигитални „пријатели“ барем дел од денот. Наместо посета на Netflix, одморете се со старата добра книга! Разговарајте со вашите пријатели на фиксен телефон. Седете на балкон и гледајте ја природата – очите и душата ќе ви се одморат (сината светлина негативно влијае и на видот), а тенот од свежиот воздух дополнително ќе живне.

Слични написи

Пластична хирургија без употреба на скалпел и без лузни

Biba

Нега на сува и дехидрирана коса

dart

Како да направите целосна детоксификација на кожата за три дена

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.