Технологија

Како да се заштитите кога не ја користите веб-камерата

Живееме во време кога мерките за физичко дистанцирање, самоизолација и карантин поради пандемијата на коронавирус се на сила насекаде во светот. Повеќето од нас се свртуваат кон технологијата за да останеме во контакт со саканите, пријателите и колегите, но има и такви кои ја користат сегашната состојба во светот за зли цели. Имено, хакерите не се грижат за пандемијата исто како што никогаш не се грижеле за приватноста на корисниците на интернет.

Без разлика која компјутерска апликација ја користите за да бидете во контакт со вашите најблиски, пријатели или колегите (ако работите од дома), веб-камерата на вашиот лаптоп или компјутер, како и селфи-камерата на вашиот мобилен телефон, веројатно досега не биле толку активни како сега. Вашата камера може да биде активирана и користена однадвор.

За жал, она што технологијата ни дозволува да се сториме во овие тешки времиња, исто така, нè остава ранливи на напади преку интернет хакирање, познати како „camfecting“.

Ова е еден вид напад на интернет хакерство во кој сајбер-натрапникот ја презема контролата над камерата на вашиот уред, а тоа го прави така што прво ќе ја оневозможи сијаличката покрај камерата на вашиот компјутер, што е всушност знак дека веб-камерата е активна. На овој начин, жртвата на нападот не знае ни дека можеби некој ја гледа и снима сé што прави.

Многу од фотоапаратите на нашите уреди сè уште се незаштитени, а едно истражување покажа дека повеќе од 15 000 веб-камери (приватни и деловни) се отворени за хакери и без потреба од вистинско хакирање.

Исклучен компјутер – безбеден компјутер

Кога лаптопот е исклучен, неговата камера не може да се активира, но тоа не е случај во режим на хибернација или таканаречен режим на спиење. Многу лаптопи не се гасат, но кога не се во активна употреба, корисницте ги оставаат во еден од овие два режима.

Во овој случај, веб-камерата не е заштитена и хакер може да пробие на вашиот компјутер и да ја стартува. Ако ништо друго, следете го примерот на шефот на Фејсбук Марк Закерберг, кој самиот призна дека ја покрива својата веб-камера, како и микрофонот на неговиот компјутер.

Која е целта на хакерскиот напад?

Малку е веројатно дека хакер ќе ја хакира камерата за да ве уценува или да задоволи некои други свои приватни потреби, бидејќи повеќето нелегални пристапи до веб-камери се поврзани со собирање на информации за финансиска корист или продажба на трети лица.

Сајбер-криминалците ќе се обидат да ги измамат луѓето по е-пошта, тврдејќи дека биле фатени на веб-камера и се закануваат дека ќе ги објават снимките пред јавноста, што честопати резултира со финансиски успех на хакерите, бидејќи многу жртви на ваква измама се плашат за нивната приватност.

Сепак, повеќето реални напади на хакерски веб-камери имаат за цел собирање ограничени информации. Овие напади обично вклучуваат технолошки корпоративни групи кои спроведуваат собирање податоци и тајна колекција на фотографии. Некои од овие напади се резултат на индустриска шпионажа, додека други претставуваат активности на владините разузнавачки агенции.

Хакерите имаат упатства и на YouTube

Двете најчести техники за спроведување напади со „camfecting“ се далечинскиот управувач-алатка (RАТ) и таканаречената лажна „далечинска техничка поддршка“ што ја нудат лица со злонамерни цели.

Вистинската техничка поддршка обично доаѓа од вашиот давател на услуги на интернет и е единствениот извор на далечинска техничка поддршка на која може и треба да ѝ се верува. Која било друга „пријателска“ е-пошта што го нуди својот софтвер за иста работа за да ви „помогне“ при решавање на проблеми, треба од далеку да се избегнува.

Пример за напад на RAT е да се инјектира тројански вирус на вашиот компјутер со отворање на сомнителна е-пошта. Ова им овозможува на хакерите пристап до вашиот уред – целиот ваш уред, не само на веб-камерата.

RAT се користи веќе неколку години, од 2015 година може да се купи преку интернет за нешто помалку од 40 американски долари, а овој малициозен софтвер може да се активира преку е-пошта или УСБ-уред за складирање. Упатства за употреба постојат дури и на  YouTube. Бидете свесни за вашите слабости и преземете акција.

Но, најважно нешто што треба да направите е да вежбате компјутерска хигиена дома. Не ви требаат хакерски вештини за технологија за да го направите ова, доволно е да поставите парче ткаенина, непроѕирни самолепливи ленти и слично преку веб-камерата. Некои лаптопи деновиве доаѓаат со лизгачи на веб-камерата направени за да можете да ја покриете камерата кога не е во употреба.

Исто така, исклучете го вашиот компјутер или ставете го во режим за хибернација.

И на крај, секогаш користете ги најсигурните лозинки и избегнувајте да рециклирате стари со додавање на повеќе броеви зад нив. Запомнете да инсталирате антивирусна програма на вашиот компјутер и редовно да ја ажурирате.

Слични написи

Фејсбук го укинува софтверот за автоматско препознавање на лица

Biba

Вселенското летало New Horizons ја испрати првата фотографија од Ултима Туле на Земјата

Biba

Земјата видена од вселената во 8К резолуција

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.