Технологија

Како да го поврзете компјутерот со телевизорот и да го олесните следењето на виртуелната настава во деновите на изолација

Еден од начините како да им го олесните учењето и следењето на виртуелната настава на своите деца во деновите на изолација е и поврзувањето на компјутерот со телевизорот. Со тоа што програмата и лекциите ќе можат да ги гледаат на голем екран, значително ќе им се помогне на децата.

Поврзувањето може да се изведе на неколку начини, а најчестиот начин воедно е и наједноставен.

Најлесниот начин е поврзување на лаптопот или компјутерот со HDMI кабел од графичката картичка во HDMI влезот од телевизорот. Процедурата не бара посебно познавање на хардвер: едноставно поврзете го едниот крај од кабелот во HDMI излезот на лаптопот или компјутерот и другиот крај од кабелот во HDMI влезот од телевизорот. Во менито од телевизорот селектирајте HDMI влез и тоа е тоа. Сликата од малиот екран на компјутерот ја имате на големиот екран од телевизорот.

За да одредите во кој мод ќе се врши преносот на сликата, доколку користите Windows 10 оперативен систем на тастатурата може да ја користите опцијата Windows + P и со тоа ќе ви се овозможат неколку модови како дупликат, проширување или само екранот од телевизорот.

За полесно да се снајдете погледнете го видеото.

 

Слични написи

84 % од родителите се загрижени за онлајн безбедноста на нивното дете

admin

Големите руски планови за вселената

admin

Првиот тунел на Илон Маск

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.