Сцена

И новото продолжение на „Star Wars“ ќе биде со принцезата Леа

Иако Кери Фишер која ја толкуваше улогата на принцезата Леа почина во 2016 година, од продукцијата која ја поседува франшизата за Војна на ѕвездите најавија дека ќе ги користат неупотребените снимки направени за потребите на филмот „Star Wars: The force awakens“ од 2015 година.

Абрамс изјави: “Ние ја обожававме Кери Фишер. Не успеавме да пронајдеме навистина задоволувачки заклучок за сагата поврзана со семејството Скајвокер без неа. Поради тоа, откривме начин како да ѝ оддадеме почит за нејзиното наследство и улогата Леа во деветтата епизода, користејќи досега невидени сцени кои заедно ги снимивме за седмата епизода”.

Продукцијата потврдува дека Били Ди Вилијамс ќе се врати во филмот како херојот на побуната – Ландо Калрисијан, кого го немаше во последната трилогија.

Марк Хамил (Лук Скајвокер) исто така ќе биде дел од новото продолжение.

Снимањето ќе започне оваа среда во Лондон, а се очекува филмот да излезе во светските кино сали во 2019 година.

Називот на продолжението сè уште не е познато.

Слични написи

Децениската потрага заврши – пронајдена е загубената песна на Фреди Меркјури

Biba

“Beautiful People” – долгоочекуваниот дует на Ед Ширан и Калид

admin

Ќе се снима биографски филм за Џон Ленон

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.