Технологија

Инстаграм оневозможи прегледување на профилите доколку не сте најавени

 

Опцијата што ја имаше на Инстаграм за прегледување на профилите и сликите на корисници иако не сте најавени на свој профил, заминува во минатото.

Работејќи на проблематиката на приватност на своите корисници, од Инстаграм решија да ја оневозможат оваа опција и да воведат задолжително најавување доколку сакате да гледате што објавува корисникот на својот профил.

Со новата опција, доколку ненајавени почнете да листате постови од корисник на Инстаграм, по само десет поста ќе ви биде наметната обврската за задолжителна најава доколку сакате да продолжите.

Се смета дека оваа опција, покрај безбедноста, дополнително ќе ја зголеми тенденцијата на зголемување на бројот на корисници кој во моментов е над милијарда. Исто така, со опијата ќе се подобри и интернет огласувањето што е една од главните желби на администраторите.

 

 

Слични написи

Инстаграм ја зголеми должината на Reels

dart

Дубаи со технолошки новитети од научно-фантастичните филмови

admin

Електричнотот летечко одело на BMW постави светски рекорд

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.