Наука

Зошто луѓето умираат на Еверест

 

Човечкиот организам не може нормално да функционира над одредена надморска височина. Телото најдобро работи на висини кои испорачуваат нормални количини на кислород и воздушниот притисок е нормален за човечкото тело.

Кога планинарите го искачуваат Монт Еверест, кој е на височина од 8 848 метри, мора прво да ја поминат “зоната на смрт” – висината од 8000 метри, над која телото постепено почнува да “умира”, минута по минута и клетка по клетка.

Според податоците, оваа сезона 11 планинари умреле на Еверест. Непалските власти се на удар на критиката од светските авторитети поради рекордниот број од 381 издадени дозволи за качување на врвот. Причина за критиката е создавањето на гужва меѓу алпинистите во “зоната на смрт” чекајќи да продолжат понатаму, со што драстично се зголемува времето кое го поминуваат во ризичната зона.

На врвот на Еверест има страшен недостаток од кислород и како што опишал еден од алпинистите – тоа е како да трчаш со полна брзина и да дишеш на сламка.

Во “зоната на смрт” мозокот и белите дробови имаат потреба од воздух кој не можат да го добијат во количина на која се навикнати, ризикот од срцеви и мозочни удари драстично се зголемува, а значително се намалува моќта за нормално размислување и расудување.

Џереми Виндзор, лекар кој го има освоено Еверест во 2007 година, вели дека примероците на крв земени во “зоната на смрт” покажуваат дека планинарите таму преживуваат со четвртина од потребниот кислород од потребите на организмот.

 

Слични написи

Германците тврдат дека имаат нова идеја за неограничен извор на енергија

dart

Носењето на мобилниот телефон во џеб предизвикува синдром на фантомски вибрации

Biba

Зошто комарците некого касаат, а некого заобиколуваат

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.