Љубов и секс

Зошто луѓето уживаат во погруб секс

 

Може да верувате дека луѓето уживаат во погруб секс, а може и да не верувате, но неодамнешно истражување покажува дека погрубиот секс има предности за паровите. Се разбира, доколку се практикува безбедно и однапред договорено со партнерот. Покажува дека трошка жестина го зголемува нивото на меѓусебна доверба. Испитаниците што практикувале таков вид секс се изјасниле дека чувствуваат поголема сигурност и повисок процент на благосостојба во врската.

Не мора да се плашите – кога се вели груб секс не се мисли на нешто болно. За некого тоа може да биде повлекување за коса, гризење, погруб сексуален однос, а за некого тоа може да е и завлегување во зоната на BDSM (врзување, доминирање или садо-мазо игри).

Желбата за погруб секс не мора да укажува на потенцијална опасност од злоставување или дека личноста што го сака тоа е ментално нестабилна. Напротив, неодамнешно холандско истражување покажало дека луѓето што сакаат BDSM игри се ментално здрави и дека нивните афинитети не се поврзани со трауми од минатото.

Ако саката да испробате таков тип на секс најнапред треба да поставите правила и граници со партнерот. И никако не значи дека сте обврзани да направите нешто што вашиот партнер сака, а ви не сакате.

Причините за впуштање во такви игри се едноставни:

  • Доверба. Показател дека некому верувате.
  • Возбуда. Се активираат рецепторите на допамин и заради тоа се зголемува сексуалното задоволство.
  • Контрола. Доминацијата често ги возбудува луѓето на психичко ниво, а од друга страна и препуштањето е еднакво голем стимуланс.
  • Моќ. Моќта е отсекогаш привлечна за секого.
  • Себичност. Ви овозможува да ја водите играта онака како што ви одговара.

 

Слични написи

Работи кои не треба да ги правите пред или после водење љубов

dart

Колку време им треба на жените за да доживеат оргазам

Biba

Машки навики што најмногу ги иритираат жените

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.