Спорт

Зидан реши да го објасни проблемот со Герет Бејл

 

Изминатите неколку дена се крена гoлема врева околу ситуацијата на Герет Бејл во Реал Мадрид, и нејаснотиите околу ставот на тренерот на Реал, Зинедин Зидан.

По поразот на Реал Мадрид во саботата од Баерн Минхен, во којшто Герет Бејл не учествуваше, Зидан излезе со изјава дека клубот работи на заминувањето на Бејл.

По таа саботна изјава, во понеделникот Зидан пак излезе со нова изјава во која вели дека нема ништо против Герет Бејл и дека не му е желба тој лично да се ослободи од играчот, туку дека на тоа инсистира клубот.

Страстите се вжештија, па Зидан реши да проба да ги реши проблемите: “Понекогаш мојот шпански е доста сомнителен. Играчите се најважни и јас секогаш ќе бидам со нив. Реков дека клубот сака да го продаде, а не јас. Она што е најважно е дека Герет не играше затоа што самиот не сакаше, инаку тој е сè уште играч на Реал Мадрид”, се дообјасни Зидан.

30-годишниот велшки играч во Реал Мадрид пристигна 2013 година од Тотенхем, за тогашна трансфер сума од 105 милиони евра.

 

 

Слични написи

Му има ли спас на актуелниот Реал?

Biba

Што и порача Новак Ѓоковиќ на Серена Вилијамс?

dart

Реал Мадрид e повторно најбогат фудбалски клуб на светот

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.