Гастрономија

Здрава салата од макарони, туна и пченка

 

Потребни состојки:

350 г макарони

220 г сварена (или од конзерва) пченка

1 кромид исечкан ситно

160 г туна од конзерва

5-6 гранчиња исечкан магдонос

6 кисели краставички исечкани на тркалца

3 лажици лимонов сок

4 чери домати

4 лажици масло (маслиново или друго по желба)

сол по вкус

Начин на подготовка:

  1. Сварените макарони ставете ги во голем сад заедно со кромидот, пченката, киселите краставички и магдоносот.
  2. Додајте ја туната, потоа лимоновиот сок, маслото и сол по желба. Измешајте ги полека сите состојки и салатата е спремна за сервирање.
  3. За побогат вкус, ако сакате, може да додадете и малку мајонез.

На здравје!

 

Слични написи

Жолта торта

Biba

Карамелизирани ореви

Biba

Колбаси со зеленчук потпечени во рерна

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.