Технологија

Зголемен број на повреди со смртни последици заради селфијата

Сè повеќе се зголемува бројот на повреди со смртни последици при правење на селфи фотографии. Според статистиките, досега се пријавени дури 256 смртни случаи при правење на селфи фотографии на ризични и опасни места.

Како метода за спречување или намалување на такви ситуации, се препорачува јасно да се означат зоните кои носат таков ризик при селфи фотографирање како “забранети зони за селфи фотографирање”.

Иако се мислеше дека селфи фотографирањето и споделувањето на социјалните мрежи е нешто безопасно, истражувањата го покажуваат спротивното. Зголемен процент на случаи на повреди или повреди со фатални последици, особено кај помладите генерации. Анализирајќи го периодот од 2011 до 2017 година пријавени се дури 256 смртни случаи при селфи фотографирање.

Повеќето од случаите во статистиката се случиле на опасни локации, на кровови од висококатници, на рабовите од патиштата, на опасни карпи на планините.

Резултатите варираат од локација до локација. Половина од регистрираните смртни случаи се при селфање во Индија, додека во САД најмногу смртни случаи има при позирање со огнено оружје. Просечната возраст на настраданите е 22 години, а дури 80% од нив се мажи. Се наведува дека најверојатно бројката на смртни случаи е поголема поради фактот дека за голем дел од нив не е наведена причината и не се пријавени како такви во евиденцијата.

Затоа се нагласува дека е потребно насекаде во светот да се наведат и евидентираат зони каде што ќе се забрани селфи фотографирање поради опасност.

Во Мумбаи, Индија, веќе има 19 такви зони, а слични мерки преземаа и Русија и Индонезија.

Слични написи

Популарната игра Fortnite на удар на огромна критика

Biba

Бришење на пораки во чат на ФБ Месинџер

Biba

Јапонските научници тестираат идеја стара два века

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.