Психологија

Зборови и фрази кои треба поретко да ги изговарате

Зборови кои ќе го зајакнат вашето ментално здравје.

Во денешно време разговорот често пати изостанува во многу односи – пријателски, партнерски, деловни. Понекогаш не сакаме да вложиме енергија за да разговараме со луѓето, а комуникацијата е темел на секој однос. Разговарањето може скапо да го чини вашето здравје, особено ако изговарате погрешни работи. Следуваат неколку зборови и фрази кои е најдобро да ги исфрлите од вашиот речник ако сакате да се чувствувате подобро во својата кожа и да ја подобрите состојбата на вашето ментално здравје.

  • “Но…”

Ова кратко и едноставно зборче го употребуваме толку често во нашите разговори со другите. Тоа се дефинира како збор кој укажува дека е невозможно сè друго освен она што се наведува. На пример: би излегла да прошетам, но премногу сум изморена; или би сакал да ги оставам цигарите, но сега сум во многу стресен период. Во моментот кога ќе изговорите таква или слична комбинација на зборови, се ставате во позиција да немате друг избор освен да го послушате едниот од двата наведени. Зборчето “но” нè поттикнува да рзмислуваме во црно-бели термини. Животот не е едноставен и луѓето треба да се поттикнуваат да почнат да ги менуваат своите ставови и да ги шират видиците за да стекнат нови искуства. Секако дека можете да излезете на прошетка, не сте баш толку многу уморни, нели? И можете да ги откажете цигарите ако сте цврсто решени да го направите тоа. Во моментот кога ќе почнете да го (за)менувате тоа “но”, ќе си дадете можност за нови искуства и сознанија.

  • “Ако…”

“Ако” е зборче кое обврзува. Тоа е вткаено во секојдневната комуникација на нашата култура, општество, семејство и многу често не сме свесни за него. Од каде доаѓа? Кој го кажува? Секој пат кога ќе се слушнете себе или некој ваш близок како го изговара, запрашајте се од каде доаѓа и како влијае на вашето секојдневно однесување.

  • “Заслужувам”

Секако дека се подразбира дека сте вредни и важни. Но, кажувањето на тоа понекогаш може да звучи претенциозно, па луѓето околу вас можат да помислат дека очекувате да бидете наградени или пофалени, дури и ако тие сметаат дека дека не треба. Стручњаците тврдат дека употребувањето на овој збор ве става во потенцијално штетна рамка во која дефинирате самите за себе награда или казна. Наместо да кажете дека заслужувате чаша вино на крајот на напорниот работен ден, би можеле да кажете дека би сакале да се напиете чаша вино по напорниот работен ден. Вашите очекувања ќе останат под контрола и ќе им се спротивставите на мислите да гледате на вашиот живот низ призмата на награди и казни.

  • “Се надевам”

Ова не значи дека треба да престанете да се надевате, туку кога велите дека се надевате на нешто, тоа звучи како тоа нешто да е надвор од вашиот дофат. “Се надевам дека еден ден ќе започнам свој бизнис” звучи многу поинаку од “Еден ден ќе започнам свој бизнис”. Обидете се уште пред да ги изговорите зборовите, поинаку да ги поставите. Кога ќе ја смените реториката, ќе почнете и да се преиспитувате. Она што ви треба не е надеж, туку преземање одговорност, делување и остварување.

  • “Никогаш” и “Секогаш”

Овие апсолутни поими се непотребни. Кога велите дека вашиот партнер никогаш не се грижи за нешто, или дека секогаш прави по свое, она што всушност го правите е продолжување на негативни (и невистинити) наводи кои опишуваат поединечно однесување. Кога сте толку насочени на негативни и краткотрајни ситуации си оневозможувате да ги видите позитивните моменти и ситуации во вашата врска и во животот. Дури и замената на “секогаш” со  “често” и на “никогаш” со “ретко” е чекор напред во вистинскиот правец.

Ова се зборови и фрази кои се толку вообичаени во нашиот секојдневен говор што веројатно не ни забележуваме колку често ги изговараме. Правењето на овие едноставни промени може да има длабоко влијание на вашето ментално здравје и на општата состојба на организмот, посебно во смисла на ширење на перспективите, менталната флексибилност и привлекување на позитивна енергија.

Слични написи

Сексуален развој кај децата: што е нормално, а што не е?

Biba

Како да ги препознаете енергетските вампири

Biba

Помогнете им на децата успешно да ги решаваат меѓусебните конфликти

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.