Љубов и секс

За што не смеете да зборувате за време на секс-игрите

  Зборовите понекогаш знаат да делуваат како ладен туш. Особено за време на секс-игрите, погрешен збор или погрешно изговорена реченица знае да ја расипе целата ситуација. Внимавајте што и кога кажувате, особено за време на интересните секс-игрички. Никогаш не ја забрзувајте вашата партнерка. Кога мислите дека сте пред крај, а таа е само на половина, ни случајно не ѝ кажувајте да побрза за да завршите заедно.  
  Не заборавајте дека секоја жена има своја убавина. Ако за време на сексот забележите нешто што вие мислите дека е недостаток, како на пример целулит, стрии, задолжително задржете си ја таа забелешка за себе. Ни мажите не се совршени. Кога разговарате со вашата партнерка за различни начини на водење љубов или различни секс-игри, никогаш не споредувајте и не кажувајте сознанија што ги имате за други девојки.  
  Ако некогаш добиете идеја или желба за малку поразлични секс-игри, а со партнерката сте релативно кратко, пред да ѝ предложите каков било аранжман, разговарајте за да видите дали и таа ги дели вашите желби. Следете ги овие насоки и ќе имате складна врска и интересен секс.  

Слични написи

Пет машки особини што ги привлекуваат жените

Biba

Само пријатели или нешто повеќе?

dart

Се зголемува бројот на дигисексуалци – кои се тие и што ги возбудува?

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.