Љубов и секс

За голем број мажи бакнувањето со друга жена не се смета за изневерување

 

Истражувачите неодамна дојдоа до заклучок дека за мажите бакнувањето со друга жена не значи изневерување.

Поимот изневерување има различно значење за различни луѓе. За некои е доволно флертување или кокетна смс порака, додека пак други имаат многу полиберален пристап и за валидни ги сметаат само најизразените облици на изневерување, како што е интимен однос со некој друг.

Според новото истражување кое го спровеле од BBC Radio 5 Live, во кое учествувале 2066 возрасни Британци, половина од мажите спаѓаат во втората категорија. За разлика од нив, 73 % од жените сметаат дека бакнувањето со друга жена е изневерување.

Слична е ситуацијата и со интернет сексот. Половина од мажите сметаат дека тоа не треба да се смета за изневерување, а 75 % од жените сајбер сексот го сметаат за изневерување.

Експертот за врски Џејмс Прајс сугерира дека резултатите можеби се одраз на различните сфаќања за интимноста на мажите и на жените.

“Меѓутоа, без оглед на полот, ако се бакнувате со друга личност и не го сметате тоа за изневерување, тоа укажува на недостаток на основно почитување за вашиот партнер и воопшто за врската”, смета тој. “Ако не се грижите за вашите постапки или за реакцијата на вашиот партнер, тогаш сте со погрешна личност”, додава Прајс.

Исто така, 47 % од испитаниците (и мажи и жени) изјавиле дека сексуалното образование во училиштето не ги информирало доволно и не ги подготвило за сексуалниот живот.

 

Слични написи

Пет машки особини што ги привлекуваат жените

Biba

Љубов или страст

dart

Најдобрите љубовници во хороскопот

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.