Здравје

Загадувањето на воздухот може да го зголеми ризикот од абортус за дури 50 отсто

 

Истражувачи од Пекинг, за да дадат одговор на прашањето за поврзаноста на загадувањето на воздухот со зголемување на спонтаните абортуси, спровеле студија на примерок од 250 000 трудници кои живеат во главниот град на Кина. Студијата е спроведена во период од 2009-2017 година, а резултатите се објавени во списанието „Nature sustainability“.

Истражувачите ги споредиле резултатите од тоа како завршиле тие бремености со изложеноста на загадувачи како сулфур диоксид и јаглерод моноксид, и дошле до заклучок дека концентрација од 10 микрограми по кубен метар на сулфур диоксид во воздухот доведува до драстично зголемување на процентот на спонтани абортуси за дури 41 %. Овој загадувач е производ на електраните и возилата на моторен погон. Доколку концентрацијата на овој загадувач порасне дополнително, ризикот се зголемува на 52 %.

Професорот Liqiang Zhang кој ја водел студијата, вели дека ваквите резултати можат да се намалат или елиминираат само со проактивни мерки пред бременоста. Тој, исто така, додава дека за да се покаже како загадувачите влијаат на плодот при бременоста потребно е да се направат дополнителни истражувања.

На бремените жени им се советува колку што може повеќе да ја намалат изложеноста на загаден воздух, да го сменат на позитивно нивниот начин на живот со вклучување здрава исхрана и престанување со пушење.

 

 

Слични написи

Прв јогурт со збогатен состав за поздраво детство

Biba

Еден обичен раствор спаси многу животи

dart

Нашите очи можат да покажат рани знаци на Алцхајмерова и Паркинсонова болест

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.