Здравје

Загадениот воздух предизвикува предвремено породување

 

Според најновото истражување на Универзитетот на Калифорнија, трудниците кои живеат во големи градови и се изложени на загаден воздух, имаат три пати поголема веројатност да се породат пред време, отколку трудниците кои живеат во рурални подрачја.

Сообраќајот е најголем виновник за штетните испарувања кои можат да предизвикаат компликации во бременоста. Соединенијата кои се ослободуваат од согорувањето на бензинот го зголемуваат ризикот од предвремено породување за 30 %, а индустриските и земјоделските хемикалии за 21 %.

Истражувачите, исто така, забележале дека концентрациите на загадувачи се повисоки во зимскиот период отколку во летниот и дека воздухот во приморските градови е почист.

„Загадувањето на воздухот е поврзано со ниска родилна тежина на бебињата и со предвремено породување“, вели aвторката на студијата Беате Риц, професор по епидемиологија и еколошки здравствени науки на Универзитетот на Калифорнија (UCLA).

Ова посебно се однесува на жените кои дишат загаден воздух во првиот триместар и во последните неколку месеци и недели од бременоста.

Истражувачите ги споредиле податоците од 100 000 родилки со информации за квалитетот на воздухот и утврдиле дека зголемените концентрации на бензен, амониум нитрат и полициклични ароматични јаглеводороди во воздухот, се посебно опасни за трудниците.

„Некои загадувачи се директно поврзани со индустријата и со урбанизацијата, но најголема опасност за трудниците претставува изложувањето на издувни гасови од автомобилите“, заклучува Риц.

 

Слични написи

Фотофобија – осетливост на светлина

Biba

6 причини зошто менструацијата доцни, а не е бременост

dart

Дали вашето дете треба да расте со милениче

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.