Сцена

Животот и смртта на принцезата на EX YU рокот

 

Маргита Стефановиќ Маги, клавијатуристката на легендарната рок група Екатерина Велика од времето на старата Југославија, родена е на 1 април 1959 година.

Била дел од белградскиот боемско-уметнички круг, како и останатите членови nа познатата рок група ЕКВ.

Публиката во неа гледала сила што ја придвижува групата. Била уметничка душа, едуцирана пијанистка и талентиран композитор.

Се школувала во познатата музичка школа Јосип Славенски, матурирала како една од најталентираните пијанистки во генерацијата и добила покана школувањето да го продолжи на познатиот Московски конзеравториум. Нејзината мајка не се сложувала со тоа да го продолжи образованието надвор од државата, Маргарита ја послушала и поради тоа била скршена.

Образованието го продолжила во правец сосема различен од музиката – на архитектура. Дипломирала во 1982 година. Веднаш по дипломирањето заедно со нејзиното тогашно момче, Срѓан Вејвода, почнале да навлегуваат во светот на белградската андерграунд сцена.

Пролетта истата година се запознава со Милан Младеновиќ и набрзо била поканета да се придружи на тогашната група Катерина II, која подоцна станала Екатерина Велика (ЕКВ). Била нејзин член сè до смртта на фронтменот Милан Младеновиќ во 1994 година.

По смртта на Милан Младеновиќ, Маргарита продолжила во групата Курајбери.

Годините на успех биле испреплетени со борба со зависностите од наркотици, која по смртта на нејзиниот татко добила сосема нова и страшна димензија.

Го продала семејниот стан, купила два помали и остатокот од парите ги потрошила на патување во Индија. Се надевала дека со патот во Индија ќе се ослободи од зависноста, но не било така.

По враќањето од Индија го продала и остатокот од имотот, ги потрошила парите и станала бездомник.

Последните години од својот живот ги поминала во гаража.

Кон крајот на 2002 година умрела на Инфективната клиника во Белград. Имала само 43 години.

 

 

Слични написи

Продолжението на култниот филм “Сјаење” на Стивен Кинг, најавено за ноември оваа година

Biba

22 Јули, филм за Андерс Брејвик

admin

Познатата манекенка на 67 години изгледа феноменално

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.