Наука

Животот во сенка на огнената планина

Во најголемиот град на Сицилија, Катанија, активиран е аларм во истражувачкиот центар. Националниот центар за геофизика и вулканологија (ИНГВ) е загрижен за земјотресот на јужната страна на Етна, најактивниот вулкан во светот.

Вулкалогот Борис Бехнке, кој ја забележа промената во почвата, знае дека земјотресите како овој може да значат големи работи за луѓето кои живеат во сенката на Етна, пренесува BBC .

Над Катанија, како и многу други места на источната страна на Сицилија, огнената планина Етна, како што се нарекува, се крева како постојана закана за секојдневниот живот на луѓето.

 

 

Бехнке посочува дека Етна во моментов е најактивниот вулкан на Земјата. Тој вели дека дури и на оддалеченост од над 30 километри, видлива е заканата од вулканот. Затоа, земјотресите во близина на Етна претставуваат значителен ризик во овој сеизмички активен регион.

На врвот на ридот над селото Николоси, кое се наоѓа на околу дваесетина километри од подножјето на Етна, денес стои споменик каде што беше запрено течењето на лава во 1776 година.

„Тука, повеќе од кое било друго место на Земјата, чувствувате силата на природата. Ние сме толку навикнати на природните нарушувања што, од една страна, ве тера да ѝ се восхитувате на природата, но од друга страна се свртувате кон Севишниот“, рече Мариса Мазаглија, која екипата на BBC ја затекна во селото Николоси на пат кон црквата.

Ризикот се зголемува кон врвот на Етна. Туристите кои го обиколуваат вулканот се движат во жичарници, гледајќи ја неверојатната глетка што лавата ја направи низ историјата. На јужната страна на вулканот, во највисоката точка до која можат да стигнат туристите, изградени се голем број продавници и ресторани кои ги привлекуваат луѓето на патот до врвот.

 

 

Кога реката од лава се спуштила по јужната страна на Етна во 1983 година, таа целосно го срушила првиот предмет на кој наишла – зградата Ла Кантониера. Алфио Кароне, сопственик на ресторанот, раскажува дека повторно го изградил ресторанот веќе во 1985 година на истата локација.

„Изградивме нова структура над сè уште топлата лава“, рече Кароне. „Многумина веројатно се чудат на реобновувањето на ресторанот на толку опасно место, ние веќе имаме братска врска со овој вулкан и живееме добро на овој начин“.

По алармот во седиштето на ИНГВ, вулканологот Бехнке испратил мејл до Франческо Импелицери во Николоси.

Импелицери работи за цивилната заштита и неговите научни мерења ќе им помогнат на вулканолозите да ги анализираат можните ерупции. На овој начин се донесени мерки на претпазливост и евакуација на населбите за да се заштити локалното население и патниците на островот.

Слични написи

Зошто не треба да ги убивате пајаците во вашиот дом

dart

Нов начин на сметање на староста на кучињата

Biba

Како да се направи серум против змиски отров

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.