Технологија

Женски тандем ќе прошета во вселената

 

За прв пат во историјата женски астронаутски тандем закажа прошетка во вселената на 29-ти март, соопштија од НАСА.

Астронаутките Ени МекКлејн и Кристина Кох ќе бидат тие кои ќе влезат во историјата.

Дел од експедицијата ќе биде и Кристен Фасиол како поддршка од Земјата, на конзолата во Џонсон центарот на НАСА.

Кристен Фасиол ја објави информацијата на Твитер, радосно изјавувајќи дека штотуку дознала дека ќе биде дел од мисијата.

Портпаролот на НАСА изјави дека мисијата е планирана за 29-ти март, летот ќе трае 7 часа и дека жените и порано биле дел од мисиите во вселената, но ова е прв пат тандем составен само од жени да направи вселенска прошетка.

Вселенските прошетки се клучни за работи што се извршуваат надвор од леталото, за тестирање на нова опрема, местење и поправање на сателитите и вселенските летала кои се веќе во вселената и за тековни сервисирања.

Оваа мисија составена само од астронаутки се случува 35 години откако руската астронаутка Светлана Савитскаја стана првата жена која се прошета во вселената.

Од 500 астронаути кои биле во вселената, помалку од 11 % се жени.

 

Слични написи

Леново најави преносен компјутер со 13,3-инчен OLED екран на превиткување

Biba

Скопје според замислата на Кензо Танге

Biba

Aston Martin на небото

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.