Гастрономија

Енергетски плочки од житарки и суво овошје

 

Потребни состојки:

170 г грубо насечкани житарки (на пр. овесни снегулки)

60 г пржени лешници или бадеми

15 г пченично брашно

40 г кафеав шеќер или мед

40 г суво грозје или суво овошје по ваш избор

2 белки

1 прстофат сол

Подготовка:

  1. Рерната загрејте ја на 150 степени Целзиусови, калапот за печење покријте го со алуминиумска фолија која ќе ја премачкате со масло и ќе ја посипете со брашно (колку е подлабок калапот, толку подолго ќе трае печењето).
  2. Во сад помешајте ги житарките, лешниците, сувото овошје и брашното.
  3. Во друг сад изматете ги белките со шеќерот и со солта, па истурете ги во садот со житарките. Добро измешајте ја смесата и распоредете ја рамно во калапот за печење. Печете додека тестото не стане суво на допир, околу 40-45 минути. Оставете го потполно да се олади, па пресечете го во форма на правоаголни плочки и послужете го.

Наместо состојките наведени во рецептот, житните плочки можете да ги правите и со комбинација од други состојки, на пр: корнфлејкс, екструдиран ориз, индиски ореви, ливчиња кокос, кикирики, ф’стаци, ореви, семки од тиква, парченца чоколадо и др.

На здравје!

 

Слични написи

Салата со брокула и сланина

Biba

Кафе со чоколадо и слатка павлака

Biba

Основен рецепт за вафли

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.