Забава

Експертите советуваат како да ги зачувате парите од крадци на патувањата

 

Многу често при планирањето на своите патувања се среќаваме со дилемата како да ги зачуваме парите од крадци. Експертите на оваа тема имаат неколку совети како да ги надмудрите крадците.

Поголемиот дел од туристите за време на патувањата, наместо да ги стават парите на картичка, ги чуваат на куп во џеб.

  • Каде и да патувате, секогаш имајте резервна сума од долари, бидејќи во која било странска држава доларот го сметаат за средство за плаќање. Оваа валута е широко распространета низ светот и може да се смета за универзално средство за плаќање. Чувајте ги во скриен дел од ранецот или патната торба.
  • Парите може да ги чувате во скриени џебови од облеката. Појас за пари кој се врзува под облеката околу половината е добра алтернатива. Постои и специјализирана долна облека со посебни џебови за таа намена. Било да е градник за жените или џебови во гаќите за мажите.
  • Никогаш не ги носете сите пари со себе. Носете онолку колку што мислите дека ви се доволно и колку што ви е потребно. На тој начин и да ви се случи кражба, ќе ви украдат само мал дел од парите.
  • Добра опција е пред тргнување да ги сликате своите лични документи и платежни картички и да ги пратите на својата лична е-пошта. Ова е добро затоа што и да ги загубите картичките или документите, секогаш ќе може да платите онлајн користејќи ја фотографијата што сте ја направиле од картичките.
  • Пробајте да ги користите само банкоматите што се во банките. Така ќе ја намалите шансата да ви ги ископираат податоците од платежните картички ако има поставено уреди за копирање.
  • Доколку во хотелот или пансионот каде што престојувате има сеф, задолжително користете го. Така нема да мора да се грижите дека некој може да влезе во вашата соба и да ви украде вредни работи.
  • Бидете внимателни на аеродромите, затоа што секогаш постои можност некој да ви ги украде торбите.

Тоа се само дел од можностите што може да ги користите за да се заштитите од крадци додека патувате.

 

 

Слични написи

Кристијано Роналдо со нова скапа играчка

Biba

Причини зошто бакнувањето е корисно и здраво

Biba

Несекојдневен одмор во пештера

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.