Здравје

Доењето може да го намали струкот на жената

 

Доењето е едно од понапорните работи поврзани со бебињата, но предноста и позитивните ефекти се огромни. Освен што е добро за бебињата, добро е и за мајките.

Најновите истражувања покажуваат дека доењето доведува до намалување на струкот на жената.

На Универзитетот во Питсбург и Државниот универзитет во Мичиген е спроведено истражување со наслов “Резултати на бременоста и здравјето во заедницата” во кое учествувале 700 жени. Истражувачите ги следеле мајките во период од 7-15 години откако родиле. Според резултатите објавени во магазинот “Journal of Women’s Health”, мајките што доеле повеќе од шест месеци имале речиси четири сантиметри помал струк во споредба со мајките што престанале да ги дојат своите бебиња до шестиот месец.

Освен тоа, според истражувањето, мајките што ги доеле подолго своите бебиња имале и помал обем на куковите. Во стражувањето научниците ги земале предвид староста, расата и етничката припадност, компликациите во бременоста, социо-економскиот статус и факторите на здрав начин на живеење.

Исто така, научниците откриле дека мајките што ги доеле своите деца имале помал индекс на телесна маса и понизок крвен притисок.

Причината за тоа е што мајките се грижеле за својата исхрана додека доеле, за да му овозможат на бебето да внесе поздраво и похранливо млеко.

 

Слични написи

Ако страдате од несоница, направете “месечево млеко”

Biba

Телесната болка се намалува ако го држите повреденото место

Biba

Кардиовежби наспроти кревање тегови: што е подобро за слабеење?

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.