Сцена

Добитници на наградата Оскар за 2019 година

 

Ноќеска во Лос Анџелес по 91-ви пат беше доделена најпрестижната награда во светот на филмот, која ја доделува Американската филмска академија. Оскар за најдобар филм доби “Зелена книга” на режисерот Питер Фарели. За најдобар глумец и најдобра глумица беа прогласени Рами Малек и Оливија Колман.

Ова е листа на добитниците на Оскар за 2019 година:

Најдобар филм: “Зелена книга”

Најдобра машка улога: Рами Малек за улогата на Фреди Меркјури во “Боемска рапсодија”

Најдобра женска улога: Оливија Колман за “Миленичка”

Најдобра споредна машка улога: Махершала Али за “Зелена книга”

Најдобра женска споредна улога: Реџина Кинг за филмот “If Beale Street Could Talk”

Најдобра режија: Алфонсо Куарон за режирање на филмот “Рома”

Најдобра кинематографија: “Рома”

Најдобро оригинално сценарио: “Зелена книга”

Најдобро адаптирано сценарио: “BlacKkKlansman”

Најдобра филмска музика: “Црниот пантер”

Најдобра оригинална песна: Shallow од филмот “Ѕвездата е родена”

Најдобра костимографија: “Црниот пантер”

Најдобра шминка: “Потпретседател”

Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје: “Рома”

Најдобар краткометражен неанглиски филм: “Кожа”

Најдобар долгометражен документарен филм: “Free Solo”

Најдобар краткометражен документарен филм: “Точка. Крај на реченицата”

Најдобар долгометражен анимиран филм: “Spider-Man: Into the Spider-Verse”

Најдобар краткометражен анимиран филм: “Бао”

Најдобра сценографија: “Црниот пантер”

Најдобар звук: “Боемска рапсодија”

Најдобра монтажа на звук: “Боемска рапсодија”

Најдобра монтажа: “Боемска рапсодија”

Најдобри визуелни ефекти: “Првиот човек”

 

Слични написи

Том Хенкс призна дека го снимил „Кодот на Да Винчи“ само за парите

dart

Шекил О’Нил ја продава вилата за 22 милиони долари

Biba

Spice Girls се спремаат за повторна турнеја по 10 години пауза

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.