Гастрономија Избор на уредникот

Детокс супа

 

Потребни состојки:

6-7 чаши вода (или 4 чаши бујон од зеленчук плус 2 чаши вода)

1/2 исечкан црвен кромид

2 чешниња ситно исечкан лук

3 стапчиња исечкан целер

3 исечкани моркови

1 помала главица брокула, разделена на ситни цветчиња

1 чаша исечкан патлиџан

1 лажица свеж ѓумбир, излупен и ситно исечкан

1 лажичка куркума во прав

1/8 лажичка црвен пипер, или колку сакате по вкус

сол и бибер по вкус

2 чаши кељ исечкан или искинат на парчиња

1 чаша виолетова зелка, исечкана

сок од 1/2 мал лимон (или колку сакате, по вкус)

Начин на подготовка:

  1. Во големо тенџере на средна температура ставете 1/4 чаша вода или бујон од зеленук. Кога водата ќе се сврели, во неа ставете ги кромидот и лукот да крчкаат две минути, со повремено промешување.
  2. Додајте ги целерот, морковите, брокулата, патлиџанот и ѓумбирот. Додајте уште 1/4 чаша вода (или бујон) и гответе го зеленчукот со постојано мешање околу три минути. Потоа додајте ја куркумата, црвениот пипер, сол и бибер по вкус.
  3. Сипете го во супата остатокот од течноста и откако ќе зоврие, намалете ја температурата. Супата нека врие уште 10-15 минути или додека да омекне зеленчукот. Кељот, зелката и лимоновиот сок додајте ги во последните 3-4 минути од вриењето. Супата послужете ја додека е топла.

На здравје!

 

Слични написи

Топол зеленчук со лук

Biba

Не го фрлајте исцедениот лимон, туку замрзнете ја кората и користете го подоцна

dart

Сладолед со боровинки и бисквити

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.