Технологија

Десет корисни кратенки на тастатурата за корисниците на Windows 10

 

Многу често се наоѓаме во ситуација кога наместо да посегнуваме по глувчето можеме да искористиме некоја кратенка преку тастатурата за да сработиме некоја работа полесно и поедноставно.

Постојат многу кратенки за Windows оперативните системи, а ние ви покажуваме десет од нив, кои најчесто се користат и можат да ви завршат голема работа.

  • Ctrl+F е кратенка која многу се користи и кога ќе ја повикате може да пребарувате одреден збор во некој документ, табела или на интернет пребарувач, наместо да скролате во недоглед барајќи.
  • Ctrl+A се користи кога сакате да ја селектирате целата содржина на некој документ.
  • Ctrl+C за да ја копирате селектираната содржина.
  • Ctrl+V копираната содржина ја внесувате во документ каде што сакате да ја има.
  • Ctrl+Shift и кликање е кратенка која е слична како кратенката Ctrl+Shift само што со оваа кратенка може да селектирате работи што сакате да ги имате, а да ги изоставите оние што не ви требаат.
  • Ctrl+W се користи кога сакате да затворите одреден документ или прозорец без да користите глувче.
  • Ctrl+D е кратенка кога имате напис кој сакате да го прочитате, но во моментот немате време. Оваа кратенка ќе ви го зачува документот за да го видите подоцна.
  • Ctrl+PrtScr ви овозможува да го снимите тоа што во моментот се наоѓа на вашиот екран.
  • Windows+L e комбинација од Windows копчето од тастатурата и буквата L, која ви овозможува набрзина да го заклучите екранот на вашиот компјутер.
  • Windows+M е комбинација од Windows копчето од тастатурата и буквата M, која ви овозможува брзо да дојдете до работната површина на екранот во ситуација кога имате отворено многу прозорчиња.

 

Слични написи

Кинезите претставија уште едно технолошко чудо

Biba

Апликацијата Клубхаус го привлекува интересот на обожавателите на социјалните мрежи, а ја користи и Елон Маск

dart

Научниците создадоа робот што го менува обликот како Терминатор

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.