Психологија

Депресијата наскоро ќе стане водечки здравствен проблем во светот

 

До 2030 година, болестите на срцето и малигните заболувања повеќе нема да бидат на врвот на здравствените проблеми.

Меѓутоа, причината за ова не е зајакнувањето на имунитетот на светската популација, туку тоа што наведените болести ќе ги “претрка” депресијата. Заедно со депресијата, на врвот ќе бидат слични психички нарушувања.

Оваа болест поприма сè поголеми размери, без оглед на социјалниот или економски контекст на некое општество. На пример, во Русија секој шести жител бара совети и помош од психијатар.

Според бројките на Светската здравствена организација, ширум светот има над 300 милиони луѓе кај кои е дијагностицирана депресија, што е зголемување за повеќе од 18 % помеѓу 2006 и 2015 година.

Во најлош случај, депресијата води до самоубиство. Речиси 1 милион животи на глобално ниво се губат годишно како последица од оваа болест. За секое едно лице кое ќе изврши самоубиство, над 20 лица имаат обиди да си го одземат животот.

Доктор Скекхар Саксена од СЗО изјавува дека недоволното разбирање, стигматизирањето и предрасудите кон лицата кои страдаат од депресија, претставуваат бариера за добивање на ефективен третман. “За некој кој живее со депресија, зборувањето со лице во кое има доверба може да биде првиот чекор кон барањето третман и опоравување”, вели тој.

Според истражувањата, дури и во високоразвиените земји речиси 50 % од луѓето со депресија не добиваат помош и лекување, а лековите кои им се пропишуваат се без ефект.

 

Слични написи

Изборете се успешно со празничната тага

Biba

Секое четврто лице страда од ментално нарушување

Biba

Децата на депресивните трудници почесто страдаат од нарушувања во однесувањето

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.