Наука

Град во Австралија на генијален начин се бори со загадувањето на водите

 

Западноавстралискиот град Квинана, во обид да се справи со загадувањето на водите и да ја зголеми нивната одржливост, инсталираше мрежи на канализациските одводни цевки, чии води истекуваат во природата, спречувајќи го крупниот отпад да излезе од канализацијата. Мрежите се поставени во резерватот Хенли, во обид да се намали загадувањето кое доаѓа од резиденцијалните зони и го контаминира резерватот.

Едноставниот систем за филтрација бил наместен во март минатата година на две локации во резерватот во близина на две населени зони, и за пет месеци собрал 370 килограми ѓубре. Мрежите собрале најмногу амбалажа од храна, шишиња, песок и лисја од дрва.

Отпадот бил потоа транспортиран до центар за рециклирање кој процесира биоразградлив отпад и го претвора во вештачко ѓубриво.

Мрежите биле инсталирани на бетонски одводни цевки со дијаметар 75 x 45 см, кои од март до август 2018 година биле исчистени три пати. Ниту едно животно не се заглавило во мрежите откако е започнато со нивното пробно користење.

Инсталацијата на мрежите го чинела градот 20 000 долари, вклучувајќи го во цената дизајнот на мрежите, нивното производство и монтажата.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Слични написи

Научниците мислат дека го откриле вистинското потекло на озлогласената црна чума

dart

Најелектричното место на Земјата

Biba

Зошто СССР не испрати човек на Месечината?

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.