Технологија

Вселенскиот отпад од уништениот индиски сателит ѝ се заканува на Меѓународната вселенска станица

 

Џеф Бридстајн од НАСА вели дека после тестирањето на индиската влада и уништувањето на сателитот што Индија го имала во орбитата, се формирале голем број на парчиња вселенски отпад кој е следен од НАСА. Но, како што објаснува Бридстајн, има и одреден број на остатоци од вселенскиот отпад кој не може да се следи.

“Во моментов следиме објекти што се доволно големи за да се следат. Зборуваме за објекти од 10 сантиметри или повеќе. До сега успеавме да регистрираме околу 60 такви објекти”, изјави Бридстајн.

Меѓутоа, 24 парчиња од уништениот индиски сателит се во дел кој не се во можност да го следат.

“Тоа е страшна, страшна работа. Да предизвикаш таква ситуација – остатоци од вселенски отпад да се движат во правец на Меѓународната вселенска станица. Таквата активност не е компатибилна со иднината на човечките летови во вселената”, додава Бридстајн.

Инаку, американската војска следи дури 23.000 објекти во вселената поголеми од 10 сантиметри.

Во таа бројка влегуваат и 3 000 парчиња од уништувањето на кинескиот сателит во 2007 година.

Како резултат на неуспешниот индиски ракетен тест, ризикот од судир со Меѓународната вселенска станица пораснал за 44 % во рок од 10 дена, меѓутоа се очекува тој ризик да се намали, од причина што голем дел од отпадот ќе согори при влегување во атмосферата на Земјата.

 

Слични написи

Вселенското летало New Horizons ја испрати првата фотографија од Ултима Туле на Земјата

Biba

Дубаи со технолошки новитети од научно-фантастичните филмови

admin

Договор тежок 3,5 милијарди долари за 5G мрежа во САД

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.