Гастрономија

Брз чоколаден пудинг

 

Потребни состојки:

1/2 чаша шеќер

1/3 чаша какао во прав

3 лажици густин

2 чаши млеко

2 лажички екстракт од ванила

Начин на подготовка:

  1. Во тенџере на средна температура ставете ги сувите состојки, и со непрекинато мешање полека додавајте го млекото.
  2. Мешајте додека пудингот да зоврие, кога ќе почнат да се прават првите меурчиња мешајте уште една минута и додајте ја ванилата.
  3. Потоа тргнете го тенџерето од оган и оставете го пудингот да се лади со повремено промешување во првите 5-10 минути.
  4. Пудингот послужете го по желба топол или ладен, декориран со ореви, шлаг, овошје, по ваш вкус. Ако го служите ладен, покријте го садот со пластична фолија или капак за да не се направи кајмак.

На здравје!

 

Слични написи

Чоколадни топчиња со лешници

Biba

Погачици од тортиљи, полнети со говедско месо

Biba

Експресна пица во микробранова печка

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.