Гастрономија

Брза и едноставна италијанска чорба од грав

 

Потребни состојки:

1 голема главица кромид

2 (или повеќе) чешниња лук

2 чаши (од 200мл) доматен сос

650-700 г (сварен) грав од конзерва

1 лажица сув босилек

1/2 лажичка оригано

маслиново масло

сол и црн бибер по вкус

Начин на подготовка:

  1. Во маслото загреано на средна температура пржете го ситно исечканиот кромид додека да омекне (околу 5 минути).
  2. Додајте ги исечканите чешниња лук и пржете уште 1-2 минути, додека да пуштат мирис.
  3. Додајте го доматниот сос и измешајте ја смесата.
  4. Потоа ставете го гравот од конзерва, босилекот, ориганото, солта и црниот бибер.
  5. Откако чорбата ќе зоврие, намалете ја температурата и варете на тивко уште 5-7 минути.
  6. Ако сакате побогата чорба, може за време на варењето да додадете ситни тестенини, рендано сирење или да ја гарнирате со солени крекери по вкус.

На здравје!

 

Слични написи

Хранливо и вкусно зелено смуди

Biba

Свежа овошна тирамису торта

Biba

Макарони со мортадела

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.