Кога тој не се занимава со донирање на милиони долари за борба против коронавирусот и други најразлични болести, Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда купуваат луксузни вили. Ново во домот на оваа двојка е луксузната вила во Дел Мар, Калифорнија, со прекрасен поглед на океанот.
Мелинда и Бил Гејтс искешираа 43 милиони долари за нивниот нов дом, а првиот поглед на локацијата и луксузната вила ќе ве остават без зборови.
Имотот е лоциран во Дел Мар од Калифорнија, има неверојатен поглед на океанот и ова е еден од најскапите имоти во областа.
Она што е посебно е дека покрај главната куќа каде што ќе престојуваат Гејтсови, има и стаклена градина, но и две куќи за гости. Сите се со пристап до спа-агол, домашно кино, како и стаклен базен, тениско игралиште и џакузи за десет лица.
Вилата, како и сè околу него, се наоѓа веднаш до океанот.
Изградена е во 1999 година од познатиот архитект и дизајнер Кен Рончети.
Нурнете во убавината на оваа вила.