Гастрономија

Бели тестенини со павлака, пилешко и зеленчук

 

Потребни состојки:

  • 1 пакување тестенини по избор
  • 250 г битолска павлака
  • 150 г моцарела
  • 1 тиквичка
  • грст грашок
  • 100 г бело пилешко месо
  • магдонос
  • зачини по желба

Начин на подготовка:

  1. Тиквичката исечкајте ја на коцки и пропржете ја во малку вода и масло заедно со сечканото пилешко месо.
  2. Додајте го грашокот, па динстајте додека не омекне.
  3. Зачинете по желба со сол и/или зачини, додајте малку црн пипер, па сипете ја битолската павлака.
  4. Тестенините претходно сварете ги според упатството на пакувањето, па сварени додајте ги во зеленчукот и убаво промешајте.
  5. На крајот додајте ја иситнетата моцарела и уште еднаш промешајте за моцарелата да се распореди насекаде.
  6. Наросете свеж магдонос и послужете додека е топло.

 

Слични написи

Супа од спанаќ и компири

Biba

Ролат со мармалад

Biba

Едноставна густа супа од домати и босилек

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.