Здравје

Бабите и дедовците го зголемуваат ризикот од дебелина кај децата

 

И покрај тоа што дебелината кај децата е проблем кој се јавува насекаде низ светот, научниците напоменуваат дека до сега има многу малку истражувања кои испитуваат колкаво влијание на дебелината има фактот кој ги чува.

Истражување кое го спровеле на Кралскиот универзитет во Лондон покажало дека тука многу негативна улога играат бабите и дедовците кои ги чуваат децата. Научниците користеле податоци од студијата Millennium Cohort која зборува за здравјето на 12 000 деца на возраст од девет месеци до три години, родени во Велика Британија.

Децата кои делумно ги чувале бабите и дедовците имале 15 % поголем ризик од прекумерна тежина од децата кои ги чувале родителите. Децата кои постојано биле чувани од бабите и дедовците, имале дури 34 % поголем ризик да станат дебели.

Понатамошна анализа покажала дека поголем ризик од дебелина имаат и децата од “понапредните” семејства, на пример, оние чии мајки имаат факултетска диплома, менаџерска работа и живееле со партнерот.

Водачот на студијата, д-р Кетрин Ло, нагласува дека ова истражување не испитувало зошто чувањето кај бабите и дедовците е поврзано со прекумерна тежина, но дека можни објаснувања за овој феномен се – угодувањето на децата и недоволна физичка активност.

За да се стави крај на оваа појава, со бабите и дедовците треба да се зборува во мали групи, за да се види со што всушност се соочуваат тие. Освен тоа, би помогнала и општа едукација за здравиот начин на живот, со оглед на тоа дека дебелината станува сè поголем проблем и се јавува кај сè помлади деца.

 

Слични написи

Забите не треба да се мијат веднаш по јадењето

Biba

Чаеви за детоксикација на организмот

Biba

Текилата може да помогне да го намалите вишокот килограми

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.