Select Page

Нугатино торта

Нугатино торта

 

Потребни состојки:

150 мл вода

570 г шеќер

100 г чоколадо за готвење

100 г какао

8 јајца

3 лажици брашно

4 лажици презла (лебни трошки)

1 маргарин на собна температура

неколку лажици мелени лешници

Начин на подготовка:

  1. Во тенџерче на средна температура ставете 150 мл вода и 200 г шеќер. Откако шеќерот ќе се стопи, додајте го чоколадото искршено на коцки и мешајте додека да се стопи. На крај во врелата смеса додајте го и какаото и мешајте додека сè да се соедини, да добиете конзистентна и мазна смеса. Тргнете ја смесата на страна и оставете ја да се олади.
  2. Во сад за матење ставете 8 белки и 8 лажици (околу 170 г) шеќер. Изматете ги да добиете пенеста смеса, потоа полека со мешање додавајте лажица по лажица 3 лажици брашно, 4 лажици презла и 4 лажици од чоколадната смеса од чекорот бр.1. На крај додајте ги мелените лешници и измешајте. Оваа смеса печете ја околу 20 минути на 170-180 степени Целзиусови. Откако ќе се испече оставете ја целосно да се олади, па исечете ја на два или три дела.
  3. Изматете го маргаринот со 200 г шеќер додека да стане пенест и шеќерот да се стопи. Потоа додајте 8 жолчки една по една, изматете ги и на крај во оваа смеса сипете го останатиот чоколаден фил од чекорот бр.1. Ставете го филот во фрижидер за малку да се стегне.
  4. Филување: секој дел од пандишпанот намачкајте го со чоколаден фил така што ќе ставате еден врз друг: ред пандишпан, еден слој фил, повторно пандишпан па слој фил, да завршите со фил најодозгора. Тортата чувајте ја во фрижидер. Послужете ја со декорација по ваша желба.

На здравје!

 

 

Наши пријатели

Патување низ времето

Follow Us

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.