Select Page

Најелегантниот начин за спречување на несакана бременост

Најелегантниот начин за спречување на несакана бременост

 

Има многу начини за заштита од несакана бременост, но засега најчесто користениот метод од жените се таблетите за контрацепција.

Научниците низ светот експериментираат и со нови начини на контрацепција. Контрацептивниот накит е нов и засега најелегантниот начин за заштита од несакана бременост. Сè уште не е пуштен во официјална употреба, бидејќи сè уште се прават сите потребни испитувања за сигурност.

Научниците, всушност, пронајдоа најразлични начини за да се смести хормонската терапија која заштитува од несакана бременост – во накитот: рачни часовници, обетки, алки, ланчиња, прстени.

Специјалниот накит, освен што ќе има функција на постепено испуштање на хормон преку кожата во телото, ќе биде и украс. Хормоните ќе се ослободуваат во телото на сличен начин како со контрацептивните фластери.

Georgia Institute of Technology е местото каде што се развива оваа метода.

Сè што треба да направи жената е да го носи овој накит барем 16 часа во денот. Тој временски период се смета доволен за накитот да испушти доволна количина на хормон преку кожата за делотворна заштита од несакана бременост.

Засега контрацептивниот накит е во фаза на тестирање. Тестиран е на животни, и научниците изјавуваат дека женките позитивно реагирале на тестовите.

Технологијата на која се базира оваа метода воопшто не е непозната. Тој принцип се користи кај трансдермалните фластери со кои веќе се има искуство на давање на лекарства.

 

Наши пријатели

Патување низ времето

Follow Us

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.