Select Page

Мекларен го претстави 720S Ле Ман – потсетник за победата во Франција

Мекларен го претстави 720S Ле Ман – потсетник за победата во Франција

Мекларен го подготви специјалното издание 720S Le Mans за 50 клиенти, по повод одбележувањето на 25-годишнината од освојувањето на познатата трка за издржливост 24 часа Ле Ман.

 

 

Нема многу автомобилски компании чии автомобили преминаа најмногу километри при првиот обид на трката за издржливост 24 часа на Ле Ман и стигнаа до победата во генералниот пласман. Мекларен е горд на ваквата победа, затоа што во 1995 година нивниот модел Ф1 ГТР управуван од Јаник Далмас, Масанори Секија и J.J. Лето ги „затвори“ сите кругови на патеката Сарт и заврши на прво место.

 

 

Како дел од прославата на 25 години од триумфот, Мекларен го подготви специјалното издание 720S Le Mans за 50 клиенти. Само 14 единици ќе им бидат понудени на клиентите во Европа, а зад неколкуте детали инспирирани од трката кои го разликуваат 720S LM од стандардниот модел е одделот MSO (McLaren Special Operations).

 

 

Автомобилот ќе биде понуден во две бои на каросеријата (Мекларен портокал или Сирт сива), а во кабината на суперспорт двоседот доминира темната Алкантара со фрагменти во сива или портокалова боја. Стандардната опрема вклучува и карбонски седишта, кои Мекларен обично ги нуди како опција, а зад возачот и совозачот е 4-литарски V8 битурбо мотор, чии 720 КС се доволни за забрзување од 0 до 100 км на час за 2,9 секунди и повеќе од 340 км на час.

За ова „потсетување“ на Мекларен на победата во Франција треба да се издвојат 284.771 евра.

Наши пријатели

Патување низ времето

Follow Us

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.