Select Page

Две највкусни летни чорби

Две највкусни летни чорби

 

Во топлите летни денови најдобро е да се јаде лесна храна која брзо се вари. Чорбите се практични и брзо се подготвуваат. Еве две чорби кои можете да ги подготвите за 30 минути.

Пилешка крем чорба

Потребни состојки:

200-300 г бело пилешко месо

200 г шампињони

морков

лук

магдонос

сол

бибер

млеко

брашно

Начин на подготовка:

  1. Белото пилешко месо исечкајте го колку што можете поситно и ставете го да се вари, додајте и сечкан морков и лук.
  2. Пред крај на варењето додајте ги и сечканите шампињони, сол и бибер. Варете ја чорбата уште неколку минути за да омекнат шампињоните.
  3. Направете ладна запршка: во шоља ладно млеко разматете 2-3 лажици брашно, и додајте ги во чорбата. На крајот од варењето наросете сечкан магдонос.

 

Доматна чорба со кнедли

Потребни состојки:

500 г испасирани домати

коцка за супа или лажичка вегета

помала главица кромид

60 г маргарин

200 г сварен и испасиран компир

2 јајца

3 лажици брашно

сол

бибер

малку целер

Начин на подготовка:

  1. Пропржете го ситно исечканиот кромид, додајте лажица брашно и налејте го со испасираните домати и 1 литар вода.
  2. Додајте зачини и лист од целер, и варете 15 минути.
  3. Кнедлите се подготвуваат на следниот начин: изматете маргарин, јајца, компир, 3 лажици брашно и сол. Со лажичка образувајте кнедли и ставајте ги во чорбата која се вари на тивок оган, за да не се распаднат кнедлите. Варете уште 10 минути и чорбата е готова.

На здравје!

 

Наши пријатели

Патување низ времето

Follow Us

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.