Select Page

Во САД за првпат се испорачани лекови со помош на дрон

Во САД за првпат се испорачани лекови со помош на дрон

 

За првпат во САД дронови на националната компанија за испорака на пратки УПС испорача лекови до локација на своите клиенти.

Првиот дрон испорачал во двор од приватна куќа, а летот и испораката се случиле во петокот, во гратчето Кери, Северна Каролина, додека вториот дрон на компанијата направил испорака на лекови до дворот на дом за стари лица. Со тоа ги победи сите конкуренти што се надеваа на парче од овој “колач”.

Пакетите кои биле испорачани биле со големина колку кутија за чевли.

Ова се први летови во склоп на програмата која е одобрена од дирекцијата за воздушен сообраќај на САД. Во управата велат дека сè уште се работи на допрецизирање на деталите и правилата за користење на овие дронови во воздушниот простор на државата и дека попрецизни детали се очекуваат во 2021 година.

Компаниите Flight Forward и Matternet потпишаа низа на договори за доставување на биолошки примероци во неколку медицински установи.

Wing, оператор на дронови во сопственост на компанијата на Google, Alphabet, се здружи со ланецот на аптеки Walgreens и Федералните пошти FedEx за домашна достава на лекови во Кристијанбург, Вирџинија.

Патот на дроновите пополека се отвара.

 

 

Наши пријатели

Патување низ времето

Follow Us

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.