Select Page

Во „Ленд Ровер“ прославија 50. роденден на ренџ ровер со луксузно издание

Во „Ленд Ровер“ прославија 50. роденден на ренџ ровер со луксузно издание
Првиот Range Rover беше претставен на 17 јуни 1970 година, а како дел од одбележувањето на 50-тиот роденден на својот луксузен теренец, Land Rover подготви ограничено издание на тековниот RR со назив Fifty. Наменета да биде полуксузна и многу поудобна алтернатива на тогашните модели на Land Rover од сериите II и III, првиот Range Rover излезе на сцената на 17 јуни 1970 година и се сретна со одличен прием во Велика Британија, набргу после тоа и низ целиот свет. Половина век подоцна, Land Rover подготви јубилејно издание на својот луксузен теренец за 1.970 клиенти, чие тело е изработено од алуминиум, а Range Rover Fifty се заснова на раскошно опремената верзија на Autobiography и ќе биде понуден со пократки и подолги меѓуоскини растојанија.  
  Сината боја на каросеријата, дизајнирана по бојата на првиот Range Rover, е еден од многуте детали што доаѓаат со педесеттото издание, а има неизбежни ознаки на каросеријата и во кабината покриена со кожа кои сугерираат на уникатноста на најголемиот модел на Range Rover што треба да се понуди во уште неколку ексклузивни бои.  
 
 

Наши пријатели

Патување низ времето

Follow Us

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.