Select Page

Вештачката интелигенција подобро ги предвидува карактерните црти на поединците отколку луѓето

Вештачката интелигенција подобро ги предвидува карактерните црти на поединците отколку луѓето

Нова студија направена во Русија покажува дека вештачката интелигенција подобро од луѓето ги препознава карактерните црти на една личност, само со прегледување на нејзините селфи-фотографии.

Технологијата за вештачка интелигенција што се користи во руската студија беше во можност да ги претпостави таканаречените „големи пет“ карактерни црти со набљудување на селфи-фотографиите на поединците: совесност, невротицизам, екстраверзија, пријатност и отвореност, над нивото на случајна проценка.

Студијата беше направена со разгледување на 31.000 селфи-фотографии.

Од овие карактерни црти, совесноста се покажала како најпрепознатлива, а проценката на цртите на карактерот кај жените е посигурна отколку кај мажите.

Резултатите од студијата беа објавени во научното списание „Scientific reports“ и имаат значајни импликации, бидејќи се покажа дека вештачката интелигенција може да се искористи за пронаоѓање на „најдобрите парови“ како услуга на клиентите, кај апликациите за дружење и воспитувањето преку интернет.

Веќе одамна се прават обиди да се поврзат изразите на лицето со цртите на карактерот, но модерната наука ги спречи повеќето вакви обиди.

Како и да е, постојат силни теоретски и еволуциски аргументи кои сугерираат дека одредена количина на информации за карактерните црти, особено оние клучните за социјалната комуникација, е видлива на човечкото лице.

Резултатот што се постигнаа со овој пристап се покажа како подобар и поточен од претходните слични студии користејќи човечки експерти или технологија за машинско учење.

Вештачката интелигенција, не само што ги претпоставила карактерните црти на поединците со резултат над случајноста, туку овие резултати биле конзистентни и со различни фотографии на истите лица.

Во истражувањето учествувале 12.000 доброволци, кои пополниле прашалник со кој се мерат нивните пет карактерни црти и од нив биле искористени вкупно 31.000 селфи-фотографии.

 

 

Учесниците во студијата биле поделени во две групи, една контролна и една за тестирање.

Серија нервни мрежи се користеле за внесување фотографии од корисници во системот, дури и пред истражувањето, за да се обезбеди конзистентност на квалитетот и карактеристиките, и за да се исфрлат фотографии од лица со емотивни изрази, како и фотографии од познати личности или миленичиња. Потоа, нервната мрежа задолжена за класификација на фотографиите била сетирана да ги расклопи фотографиите во 128 карактеристики, проследено со повеќеслоен перцептрон кој користел непроменливи на фотографиите за да предвиди карактерни црти.

Резултатите покажале дека ВИ може да ги открие карактерните црти на случајна индивидуа во 58 % од случаите. Во секој случај, добиениот резултат го надминува просечниот резултат на човечкиот еквивалент.

Наши пријатели

Патување низ времето

Follow Us

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.